Македонскиот интернационалец Никола Стојчевски во рамките на 20-то коло од шведската лига, со својот Редберглидс стигна до уште една гостинска победа над тимот на Онередс, со резултат 23:26.
Нашиот репрезентативец одигра одличен натпревар и постигна 6 погодоци, со што ја потврдува неговата добра форма пред СП во Катар.
Потсетуваме дека Никола Стојчевски е дел од поширокиот список на Ивица Обрван, но сеуште не е сигурен неговиот настап на престојното СП во Катар.