Утре со почеток од 18:30 часот, ќе стартува Светското ракометно првенство во Катар со првиот и единствен натпревар во текот на утрешниот ден од групата А помеѓу репрезентациите на Катар и Бразил. Прочитајте неколку интересни факти, бројки пред почетокот на СП во Катар:
- Шпанија постигна вкупно 3.654 илјади голови на сите досегашни свои настапи на Светските првенства, повеќе и од Шведска која пак има четири учества повеќе од “црвената фурија“ на Мундијалите и го држи рекордот со 147 одиграни натпревари.
- Три голови беа постигнати во 1938 година на натпреварот за бронзениот медал помеѓу репрезентациите на Шведска и Данска. Швеѓаните победија со 2:1 во дуел со најмалку постигнати погодоци на еден меч (три) и по првото полувреме (еден од страна на Шведска во вториот дел) и со најмалку голови од една селекција на еден меч (еден) и по првото полувреме (Данците не успеаја да ја затресат противничката мрежа во второто полувреме).
- 55 голови Исланд постигна против Австралија во еден натпревар од групна фаза, повеќе од било која друга национална селекција во една средба.
- 42 голови разлика изнесуваше победата на Германија против Луксембург во 1958. година, меч кој заврши со резултат 46:4. Тоа е најубедливиот триумф досега на Мундијалите.
- 16 голови разлика изнесуваше победата на Шпанија во финалето против Данска (35:19) во финалето на СП 2013 год. Тоа е најубедливиот триумф досега во едно финале на светските шампионати.
- 74 голови најмногу досега од сите финални мечеви на Мундијалите беа постигнати во 2005. година во борбата за златниот медал помеѓу репрезентациите на Шпанија и Хрватска. Шпанците тогаш славеа со резултат 40:34.
- 92 голови изнесува рекордот поставен од страна на македонскиот ракометар Кирил Лазаров, најмногу досега од сите досегашни 23. одржани Светски првенства. Членот на Барселона овој биланс го оствари на Мундијалот 2009 год. во Хрватска.
- Вкупно три пати најдобар стрелец на Мундијалите беше Кјунг-Шин Јоон од Јужна Кореја во 1993, 1995 и 1997 год. Во 1993 год. во Шведска реализираше 41. гол, потоа во 1995 год. во Исланд имаше 86, додека во 1997 год. во Јапонија постигна 62 погодоци.
Извор: www.tip.com.mk