Денеска започнува долго очекуваното светско првенство во Катар, првенство кои ќе го собере кремот на овој спорт. Голем број на големи играчи нема да бидат дел од него, кој поради повреда, кој поради силната конкуренција или поради тоа што нивните селекции едноставно не успејаа да се пласираа на првенството.

Еве кои ракометни ѕвезди нема да бидат дел од СП во Катар:

  • Лук Абало – десното крило на Франција, кое поради повреда (на препоните) не се најде на списокот на актуелниот европски шампион.
  • Арпад Штербик – голманот на Шпанија кој го следи голем малер, кога станува збор за првенствата.  Тој повторно не е во составот на црвената фурија, поради повредата на колената, а поради здравствени проблеми ги пропушти и минатите две Европски првенства во Данска и Србија.
  • Марко Вујин – десниот бек на германскиот гигант Кил, овојпат за големо разочарување на љубителите на ракометот, нема да биде дел од првенството, но не поради повреда, туку поради тоа што репрезентацијата на Србија не обезбеди учество.
  • Момир Илиќ – капитенот на репрезентацијата на Србија, кој блескаше оваа сезона во дресот на унгарскиот Веспрем, за жал нема да биде дел од ракометната елита во Доха.
  • Бјарте Мирхол – пикерот на Рајн Некар, кој е извореден сезонава, нема да се најде бидејќи Норвешка не успеа да ја совлада одличната Австрија во бараж натпреварот за пласман на СП во Катар.
  • Енди Шмид – средниот бек на Рајн Некар, кој во моментов го игра најквалитетниот ракомет во кариерата и навистина штета е што нема да го видиме на првенството, бидејќи неговата Швајцарија е далеку од тоа.
  • Ласло Наѓ – десниот бек на Веспрем, кој сезонава го мачеше повреда, сепак се врати на теренот. Но неговата репрезентација не успеа да ја победи репрезентацијата на Словенија во баражот, иако беше фаворит во тој дуел.
  • Харалд Рајнкинд – десниот бек на Рајн Некар, младиот и талентираниот леворак, за жал нема да настапи поради тоа што репрезентацијата на Норвешка не се пласира.
  • Дарко Станиќ – голманот на Србија, кој сезонава во Металург не дојде до можност да се истакне, по сите случувања замина во Бундес лигата, нема да биде дел од елитата поради добро познатиот пораз на репрезентацијта на Србија во бараш дуелот со репрезентацијата на Чешка…

и уште многу други одлични ракометари.