Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски ја посочи денешната победа против Тунис како една од најдобрите мечеви на црвено-жолтите на големите натпреварувања, поради фактот дека во најголемиот дел од мечот, буквално се функционираше, и во нападот и во одбраната.

„Навистина добар меч. Сериозно одигравме и во одбрана и во напад. Кога се ќе се собере, мора да бидеме задоволни од оваа победа. Јас би рекол дека ова е еден од најдобрите мечеви на Македонија на големите натпреварувања. Морам да посочам дека одигравме многу добра одбрана, но сега нема потреба од еуфорија. Ние сме доволно искусни за да не подлегнеме. Се надевам дека ќе одиме чекор по чекор, прво не чека работа со Иран, потоа со БиХ. Потребно е да бидеме на ова ниво, да останеме сите здрави. Прерано е за да зборуваме за прво место“
– изјави Ристовски.