Таборот на нашиот денешен противник се подготвува за пресметка, а се надева и на реванш за сите порази во минатото. Австрискиот селектор Патрекур Јоханесон посакува одмазда, но не и по цена на “лична војна“:
“Добро ја познаваме македонската репрезентација, ја анализиравме, гледавме снимки. Се работи за искусен и квалитетен состав, чии ракометари настапуваат во Лигата на шампионите. Посакувам победа на денешната средба и освојување на второто место. Тоа би била и одмазда за нашите претходни неуспеси во дуелите со Македонија. Но, нема да дозволам никаква “лична војна“ на теренот, туку ќе барам дисциплинирана и паметна игра. Сепак, ова е светско првенство“ – изјави Јоханесон.
Извор: www.rkmetalurg.mk