Играч Вкупно постигнати голови Оценка на МакРакомет (1-5) Коментар
Д. Манасков 20 5 Манасков на ова првенство конечно покажува зрелост. Прецизен, агилен во одбраната и убоит во контри. Со 5 украдени топки, на 7-мо место на ранг листата на СП.
Р. Вугринец 8 3 Малата минутажа ја искористи максимално. Неговото икуството може да биде пресудно во нокаут фазата
С. Стоилов 13 5 Одличен. Повторно блеска во дресот на репрезентацијата. Стоилов е веќе А класа играч
Ф. Лазаров 3 2 Мал придонес на Ф. Лазаров во досегашните мечеви. Реално, со мала минутажа, но и таа што ја имаше не ја искористи.
А. Јоноски 0 3 Сме го гледале Јоноски во многу подобра форма. Се мачи со судиите на овој шампионат (8 исклучувања, на 4-то место на шампионатот). Јоноски може подобри, и ако нема проблеми со ногата, очекуваме да блесне веќе со Словенија.
Ф. Миркуловски 19 5 Одличен и во одбраната и во нападот. До сега не доби часовник, но на неколку мечеви сигурни е меѓу најдобрите, особено на мечот со Австрија и Тунис.
В. Маркоски 0 4 Столбот на одбраната. Очекуваме заедно со Јоноски најдоброто да го прикажат на мечевите кои престојат.
З. Мојсовски 2 2 Просечно издание. Добива мала минутажа, само за да се одмори Георгиевски.
Н. Маркоски 3 3 Важен играч бидејќи игра и одбрана и напад. Но во нападот мора да биде подобар. Убоитоста во нападот значително ни се намалува кога тој е на линијата од 6 метри. Солиден во одбрана.
Н. Мојсоски 13 3 И Обрван и цела македонска јавност го чека Мојсовски да одигра како што знае. Добива голема минутажа за да биде во што подобра форма во најважните натпревари. Имаме чувство дека мечот со Словенија ќе биде „негов“.
Н. Прибак 10 5 Прибак е одличен. Кога влегува во игра не само што не паѓа ритамот туку дава дополнителен квалитет. Ќе биде важен играч во нокаут фазата.
Г. Георгиевски 17 5 Како и Манасков, игра во одлична форма. Гоце значително ја кренал формата во изминативе месец дена. Константна опасност за противниците и одличен во одбраната.
К. Лазаров 38 5 Залудно е да се трошат зборови. По којзнае кој пат, капитенот е вистински лидер на оваа репрезентација. Трет на листата стрелци со 38 гола, но прв на листата на голови + асистенции во досегашниот шампионат. Лазаров е клучот за успехот на репрезентацијата
В. Недановски 7 2 Недановски беше повикан во репрезентацијата заради добрата игра во одбраната, но тоа не го видовме. Во нападот сосем солиден, иако е видливо во играта кога ќе влезе во игра на Манасков (убоитоста на лево крило паѓа)
Голмани
Б. Ристовски 49 4 Борко е константен на голот, но неговиот блесок го очекуваме во некој од мечевите од нокаут фазата. Го чекаме мечот со над 15 одбрани, можеби веќе со Словенија. Клучен за што повисок пласман на шампионатот.
П. Ангелов – Диви 16 4 Диви е одличен. Целосно ја користи минутажата и покажува дека е одлична замена на голот.