ИХФ ги делегираше судиит за дуелот меѓу Македонија и Словенија. Правдата ќе ја делат судиите од Литванија, Миндаугас Гателис и Ваидас Мазејка.
Ова ќе биде втор пат на шампионатот оваа судиска двојка да ја дели правдата на меч на нашата репрезентација. Претходно, тие го судеа и мечот од групната фаза со селекцијата на Босна и Херцеговина на кој нашите ракометари славеа со 25:23.