Тренерот Индира Кастратовиќ е задоволна како се одвиваа подготовките за овој меч, и очекува договореното да се прикаже и на терен.

“Се подготвивме за овој натпревар и очекувам тоа да го потврдиме и на терен. Гледавме многу материјали од настапите на Лајпциг и мислам дека нема со што да не изненадат, ние треба да играме тоа што се договоривме и ќе го оствариме посакуваниот резултат. Знаеме дека најголемата опсаност од противничката екипа доаѓа од средниот бек Кутлач. Но, се знае дека најважно е да одиграме добро во одбраната, да бидеме поагресивни, а со тоа и нашата игра преку контра и полуконтра треба да дојде до израз на овој меч. Очекувам со победа да за започнеме оваа фаза” – изјави Индира Кастратовиќ.

Извор: www.zrkvardar.com