Заврши СП во Катар… Го добивме новиот светски првак, репрезентацијата на Франција која веќе за 3 месеци ќе се соочи со нашата репрезентација во квалификациите за ЕП во Полска следната година. Завршивме на 9-то место, најдобар пласман во нашата историја на СП. Сонот за квалификациите на ОИ во Рио сеуште е посакуван и реално достижен за нашата репрезентација, но, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.

Ве водиме низ статистиката за нашата репрезентација од СП во Катар, каде одигра вкупно 6 натпревари.

Најнапред почнуваме со вкупната статистика од нашите играчи како колектив и нивната ефикасност, која кажува дека нападот ни беше солиден, за разлика од одбрана која потрфли ова првенство.

Вкупно шутеви Шутеви од 6 метри Шутеви од 7 метри Шутеви од 9 метри Шутеви од крила
Погодоци/Шутеви % Погодоци/Шутеви % Погодоци/Шутеви % Погодоци/Шутеви % Погодоци/Шутеви %
181/284 64 40/53 75 23/31 74 42/103 41 29/39 74
Напад Одбрана Казни
Асистенции Технички фаули Украдени топли Блокирани шутеви Жолт картон 2 минути Црвен картон
109 65 16 10 18 35 1

Следна е статистиката за нашите голмани, која истотака говори дека потфрлија на ова СП во Катар.

Вкупно шутеви Шутеви од 6 метри Шутеви од 7 метри Шутеви од 9 метри Шутеви од крила
Одбрани/Шутеви % Одбрани/Шутеви % Одбрани/Шутеви % Одбрани/Шутеви % Одбрани/Шутеви %
72/240 30 19/52 37 2/17 2 30/81 37 13/29 45

Други интересни факти од ова превенство се следниве:

  1. – Во статистиката за најферплеј екипа, нашата репрезентација се наоѓа на 19-то место. (според бројот на исклучувања и жолти/црвени картони)
  2. – Ацо Јоновски е на 4-то место, а Велко Маркоски на 14-то место според бројот на исклучувања и жолти/црвени картони.
  3. – Нашиот капитен Кире Лазаров во повеќе категории се најде помеѓу првите:
  • 7 место според бројот на постигнати погодоци, со вкупно 45.
  • 4 место според бројот на асистенции, со вкупно 28.
  • 5 место според вкупниот број на погодоци и асистенции, со вкупно 73.

За крај поединечна статистика за сите ракометари:

Играчи Погодоци Напад Одбрана  Време
 Број  Име Погодоци/Шутеви %  Асистенции Технички фаули  Украдени топки Блокирани чутеви
 3  Дејан Манасков  25/36  69  7  2  5  /  4:55:13
 4  Ренато Вугринец  8/16  50  4  3  2  /  1:20:13
 5  Стојанче Стоилов  18/22  82  10  11  /  1  3:05:04
 7  Кирил Лазаров  45/78  58  28  12  /  /  2:56:51
 9  Аце Јоновски  /  /  1  /  1  5  2:28:56
 13  Филип Миркуловски  20/29  69  20  11  1  /  3:47:55
 14  Велко Маркоски  0/1  0  1  /  2  3  3:00:12
 15  Златко Мојсоски  2/3  67  1  2  /  /  56:01
 17  Никола Марковски  4/6  67  9  4  /  /  2:45:47
 18  Наумче Мојсовски  14/26  54  15  10  1  /  2:43:09
 21  Немања Прибак  11/23  48  2  3  /  1  2:18:52
 22  Гоце Георгиевски  24/29  83 1  1  /  /  4:11:40
 23  Филип Лазаров  3/7  43  1  1  /  /  25:17
 24  Владо Недановски  7/8  88  /  2  /  /  1:04:32
Голмани Вкупно шутеви
 Број  Име  Одбрани/Шутеви %
 16  Борко Ристовски  52/179  30
 20  Петар Ангелов  19/61  31