Репрезентативното лево крило, доскорешниот играч на Металург, Дејан Манасков кариерата ќе ја продолжи во бундес лигата. По Миркуловски, и Мансков обезбеди ангажман во најсилната светска лига.

До крајот на сезоната Дејан Манасков ќе настапува за германски Вецлар. Тој веќе е во Германија и од утре ќе се приклучи на тренинзите на екипата, во очекување на првиот настап за новиот тим. За потсетување, во Вецлар е и поранешниот соиграч на Манасков од Металург, десниот бек Липовина.

МакРакомет му посакува на Дејан многу среќа, со надеж дека добрите игри на светското првенство, каде по наше мислење беше еден од најдобрите поединци во македонската репрезентација, ќе ги продолжи и во германската лига, кои ќе му овозможат договор со некоја од најдобрите европски екипи по крајот на оваа сезона.