Вецлар вчера ја забележа својата 9-та победа оваа сезона во најсилната германска ракометна лига, откако на домашен терен го совлада Хамбург со резултат 32:25.
Поранешниот ракометар на македонскиот шампион Металург, левото крило Дејан Манасков имаше одлично деби во оваа голема победа над поранешниот европски првак со четири постигнати голови.
Вецлар се наоѓа на 8-то место на табелата со 22 бода, а следниот дуел ќе го има веќе на 18-ти фебруар против Мелсунген.