Катарскиот прволигаш Лахвија денеска и официјално ги претстави своите две најнови засилувања, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец. Македонските репрезентативци потпишаа договори до крајот на сезонава и ќе бидат значајни адути во обидот да се стигне до титулата првак на Катар, по што ќе се дискутира и за евентуално продолжување на соработката.