Вечерва екипата на Вардар ги очекува последниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите и тоа против силниот тим на Рајн Некар Ловен. Екипа која му е добра позната на Сергеј Горбок, бидејќи беше дел од нивната екипа. Горбок најавува одличен натпревар, во кој со својата борбеност ќе пробаат да ги израдуваат македонските фанови
„Ова ќе биде фантастичен натпревар и огромна шанса за нас да го освоиме второто место во групата. Точно е дека играв за Рајн Некар, но тоа сега нема никакво значење и не постои никаков притисок кај мене. Важно е само да дојдеме до победата. Имаме сила да дојдеме до триумф, само треба да го реализираме сето она што не советува тренерот“ – изјави Горбок.