Во пресрет на денешниот натпревар тренерот Раул Гонзалес очекува позитивен резултат на ова гостување, за кое вели дека неговиот тим мора да се одбрани во првите 15 до 20 минути, бидејќи тогаш Рајн Некар Ловен се најопасни.

„Свесен сум дека не очекува тежок натпревар во сабота, посебно што му гостуваме на квалитетен тим каков што е нашиот противник. Според тоа што можевме да го видиме до сега, тие играат фуриозно во првите 15 до 20 минути од мечот, и ако успееме да се одбраниме во тој период, може да очекуваме позитивен резултат. Знаеме дека не може да се игра врвен ракомет сите 60 минути, ќе има многу ротации во играта, но ние мора да се бориме до крај“ – изјави Гонзалес за официјалниот сајт на РК Вардар.

Натпреварот започнува во 21:00 часот, со директен преност на Алфа ТВ.