Со натпреварите одиграни синоќа комплетирана е групната фаза од Лигата на шампионите и познати се 16 екипи што ќе играат во 1/8 финалето. Според позицијата во која завршија сите екипа во групната фаза, се формираа 4 групи, од кои веќе утре ќе се извлечат 1/8 двојки во Виена со почеток од 12:30 часот.

Вардар како второпласиран во групата Ц се наоѓа во повластената втора квалитативна група во пресрет на утрешната ждрепка за осминафиналето, каде ќе вкрстуваат првата и четвртaта група, како и втората со третата група.

Еве ги сите учесници:

Група 1 ( Сите екипи кои завршија први во групната фаза)
– Кил
– Барселона
– Веспрем
– Киелце

Група 2 ( Сите екипи кои завршија втори во групната фаза)
– ПСЖ
– Колдинг
– Вардар
– Пик Сегед

Група 3 ( Сите екипи кои завршија трети во групната фаза)
– Загреб
– Висла Плок
– Рајн Некар Ловен
– Данкерк

Група 4 ( Сите екипи кои завршија четврти во групната фаза)
– Ла Риоха
– Флензбург
– Монпелје
– Алборг