Ракометарите на Вардар денеска продолжуваат со настапите во СЕХА лигата, со дуелот во Крагуевац против последно пласираниот Раднички. Натпревар во кој нашиот вицешампион е голем фаворит, но секако не треба да се потцени екипата на Раднички која знае да игра квалитетно на домашен терен.
Со победа на овој натпревар, Вардар ќе го потврди освојувањето на втората позиција на табелата, на крајот од регуларниот дел од сезоната.
Првиот натпревар против српскиот вицешампион го добивме со 39:33, што не би претставувале голем проблем и вечерашниот натпревар кој за почнува од 19:00 часот да го добиеме.