Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) денес официјално ги објави термините за одигрување на 1/8 натпревари од Лигата на шампионите, при што двата дуели меѓу Вардар и Висла Плок ќе се играат на ден сабота.

Првиот натпревар ќе се одигра на 14 март во ОРЛЕН арена во Плок со почеток во 20:45 часот, а реваншот ќе се одигра на 21 март во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20:15 часот.