Ракометните репрезентативци на Македонија, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец, имаа успешно деби во својот нов клуб Лахвија, предводејќи ја оваа екипа до триумф на дуелот против Ал Араби. Лахвија го доби овој дерби натпревар со резултат 31-29, а меѓу најдобрите поединци на натпреварот беа токму доскорешните ракометари на Металург.

Вугринец со 8 погодоци беше најефикасен во својот тим, додека Мојсовски го заврши мечот со 4 погодоци.

Со овој натпревар македонските репрезентативци ставија до знаење дека сериозно ќе атакуваат на титулата која е во рацете на Ал Џаиш, тим чиј тренер е Зоран Кастратовиќ.