Вардар денес ги продолжуваат настапите во СЕХА лигата, со дуелот од претпоследното коло против екипата на Татран Прешов. Квалитетна екипа, која игра одлично на домашен терен и нема да дозволи лесна победа на “црвено-црните“, по што мора максимално внимателно да му пристапи на овој натпревар.

Самото тоа што Прешов ја дели третата позиција со ППД Загреб на табелата, кажува многу за каква екипа станува збор. На последниот одигран натпревар на гостувањето кај Борец доживеаа дебакл, беа поразени со убедливи 37:30, со што сигурно на овој натпревар против Вардар ќе сакаат да се вратат на победничките патеки и да покажат дека тоа било само еден лош ден.

На последниот натпревар против Раднички, се повреди Илија Абутовиќ, кој нема да биде во можност да настапи на денешниот натпревар. Но предводникот на “црвено-црните” Раул Гонзалес очекува продолжување на победничката серија, и зацврстување на второто место.

И покрај неколкуте повреди, дотолку вардарци изиграат тоа што најдобро го знаат, да изиграат јако во одбраната и смирено во нападот, нема да имаат големи проблеми да го совладаат словачкиот тим Татран Прешов.

Натпреварот Татран Прешов – Вардар се игра денес од 18:00 часот.