Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет ја продлабочува соработката со европскиот гигант Веспрем. Само неколку месеци откако одиграа пријателски натпревар против унгарскиот ракометен џин, членовите на Тинекс Пролет ќе имаат можност уште еднаш да му се спротивстават на Веспрем, и тоа веќе во петок од 18:00 часот во спортската сала „Македонско Сонце“ (Во дворот на ОУ 11 Октромври).
Одлична можност за ракометарите на Тинекс Пролет да се подготват и испробаат некои работи против големиот Веспрем, со оглед дека им следи значаен натпревар од домашниот шампионат со екипата на РК Охрид за влез во плејоф.
Освен овој втор пријателски натпревар, македонскиот клуб добил понуда за младинските тимови на Тинекс Пролет да учествуваат на силниот меѓународен турнир што го организира Веспрем, од 4-6 Април годинава. Турнир каде што доаѓаат само одбрани квалитетни екипи од цела Европа.
Затоа без разлика на огромната разлика во квалитет на двата тима, ве покануваме да бидете од овој спектакл и да ги бодрите нашите ракометари кои уште еднаш ќе им се пружи шанса да научат нешто од големите ѕвезди на Веспрем.
За оние кои нема да се во можност да присуствуваат, ќе има директен пренос на Собранискиот Канал на МРТ.