Ракометарите на Металург претрпеа уште еден пораз, овојпат од екипата на Борац од Босна и Херцеговина, со конечни 27:21. Со што дефинитивно плаво-белите ги загубија шансите за освојување на 6-та позиција, која ќе не одведеше на завршниот турнир во Веспрем.
Натпревар во кој повторно преовладуваа многуте технички грешки на нашите ракометари, кои ракометарите на Борац максимално ги казнуваа. Несигурноста во нападот и слабата игра во одбраната уште во првото полувреме го најавија новиот пораз на Металург. “Неизвесноста“ ја задржа новото засилување на голманската позиција, Ефендиќ кој имаше 7 интервенции, со кои спречи поголема негатива и заминување на полувреме со резултат 14:9.
На почетокот во второто полувреме плаво-белите направија серија од 3:0 и се доближија на само 3 гола разлика. Но, сепак тоа беше единствениот обид за прествер и позитивен резултат. После тоа следуваше серија на Борац од 4:0 и враќање на убедливото водство од 7 погодоци, кои рутинирано до самиот крај го одржуваа, со што потполно заслужено го победија нашиот шампион со конечни 27:21.
Најефикасен ракометар во нашиот тим беше Јања Војводиќ со 5 погодоци.
Статистика на постигнати погодоци:
Војводиќ 5, Голубовиќ и Стојановиќ 3, Манасков, Вргоч, Пешевски и Костоски 2, Крстевски и Ојлевски постигнаа по 1 погодок.