Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ е прогласена за една од трите ѕвезди на 9-то коло во женската ракометна Лига на шампионите во изборот на ЕХФ. Одлична партија против Крим Меркатор и нејзините 11 погодоци од 13 обиди беа доволни за да биде избрана по втор пат сезонава од страна на ЕХФ.
Пенезиќ се најде рамо до рамо со Кристина Неагу од Будуќност и со Ана Кочетова од Динамо-Синара од Волгоград. Со овие 11 погодици Пенезиќ се искачи на 5-то место на листата на стрелците во ЛШ со 69 гола.
1. Каролина Кудлач од Лајпциг со 77 погодоци.
2. Кристина Неагу од Будуќност со 75 погодоци.
3. Ана Грос од Мец со 71 погодок.
4. Ида Оден од Севехоф со 70 погодоци.
5. Андреа Пенезиќ од ЖРК Вардар со 69 погодоци.
Најдобрите потези на Пенезиќ од натпреварот во Словенија можете да ги видите ТУКА.