Вардаровата ракометарка Андреа Пенезиќ втора недела по ред се најде меѓу трите ѕвезди на 10-то коло во женската ракометна Лига на шампионите во изборот на ЕХФ, заедно со Сандра Тофт од Ларвик и Лоис Абинг од Баја Маре.
Одличната партија на Пенезиќ против Динамо Синара и нејзините 7 погодоци беа доволни повторно да биде избрана. Дел од нејзините погоци како и на останатие две ракометарки може да ги погледнете на следниот ЛИНК.