Младинската репрезентација на Македонија со пораз го отвори ракометниот турнир во Бугојно, откако нашите ракометари загубија од Катар со резултат 32:28.
Првото полувреме се покажа како клучно, полувреме во кое нашите ракометари изиграа далеку под своите можности, со што ракометарите на Катар го искористија тоа и заминаа на полувреме со убедливи 19:9.
Во продолжение избраниците на селекторот Влатко Неделковски се освестија и заиграа многу подобро, со што постигнаа 19 погодоци за 30 минути, но сепак немаа сили за целосен камбек. Најпрецизни во нашиот состав беа Давор Палевски со 8, Горан Крстевски и Мартин Велковски со по шест постигнати погодоци.
Следниот натпревар е веќе утре од 09:30 часот, против репрезентацијата на Полска. За истиот ден во попладневниот термин од 17:30 часот нашата репрезентација ќе одигра уште еден натпревар против домаќинот Босна и Херцеговина, со што ќе пробаат да го поправат првиот впечаток што го оставија и стигнат до првата победа.
Фото: www.ekipa.mk