Бевме сведоци на еден натпревар во кој двете екипи играа феноменално во одбраната, што и конечниот резултат од 20:22 само го потврдува тоа. Натпревар во кој „црвено-црните“ пред себе го имаа феноменалниот состав на Киелце, предводен од одличниот Талант Душебаев, кој одлично ја имаше прочитано играта на Вардар во нападот и не дозволи нашите ракометари да влезат во посакуваниот ритам.
Со агресивна одбрана и головите на Карачиќ и Душебаев го започнавме натпреварот, во кој поведовме со 2:0. Што за момент ги збунивме гостите, кои дури првиот гол го постигнаа во 6-та минута од натпреварот. За потоа после 5 минути игра, веќе во 11-та минута полјаците се доближија резултатски и го израмнија резултатот на 11:11.
Тешко се доаѓаше до голот на двете страни, за момент кога вардарци поведоа со 7:5 во 15-та минута, кога сите помисливме дека Вардар ќе може да се одлепи резултатски, повторно „црвено-црните“ направија неколку грешки во нападот, со што му дадоа шанса на Киелце, која добро ја искористи и прв пат поведе во 20-та минута со 8:9. До крајот на првото полувремено се играше гол за гол, со агресивни одбрани на обете страни, за да се замине на полувреме со конечни 11:11.
Во второто полувреме повторно одлично го отворивме во одбраната, која резултираше со првиот гол на Киелце да го постигнат дури после 10 минути игра. Но сето тоа беше залудно, бидејќи денес вардарци потфрлија во нападот, во кој бевме неиновативни и немавме никакво решение за одбраната на Киелце. За момент направивме мини серија од 2-0, која ни донесе за прв пат водство од 3 гола разлика (15-12). Разлика која кратко траеше бидејќи полјаците веднаш возвратија и во 48-та минута го израмнија резултатот на 15:15.
Ракометарите на Вардар во последните 10 минути од натпреварот влегоа некако збунето, после пресвртот и минималното водство од 15:16 благодарение на голот на Бјелецки. Следуваа двата гола на Стојанче Стоилов кој одлично изигра во второто полувеме, но сепак не беа доволни за позитивен резултат. Со што во последните минути по избрзаните два напади на Вардар, успешно во контра Штрбик и Чупиќ ја запечатија победата, за конечни 20:22.
Со овој пораз ништо не е готово, можеби битката ја загубивме, но војната ќе се реши во Полска веќе следната недела. Останува следните денови добро да се анализираа грешките и припремат за реваншот, во кој ќе се реши патникот на фајналфор турнирот во Келн.
Најефикасен на натпреварот беше Горбок со 5 погодоци, пред Караџиќ и Стоилов со по 4 погодоци. Повторно блескаше Арпад Штербик на голот со 15 одбрани, кои сепак не беа доволни за позитивен резултат на денешниот натпревар.
Вардар: Горбок 5, Караџиќ 4, Стоилов 4, Лазаров 3, Душебаев 2, Дибиров и Брумен по 1 погодок.
Фото: www.ekipa.mk