Во саботниот натпревар, Вардар ја загуби првата битка против Киелце. Но добрата игра на Стојанче Стоилов и Арпад Штербик останаа забележани од страна на ЕХФ.
Македонскиот репрезентативец одлично изигра во второто полувреме и не дозволи гостите да се одлепат со поголема гол разлика, со што сосема заслужено се најде во идеалниот тим, како најдобар пивот во четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите.
Друштво на Стоилов во идеалниот тим му прават левото крило на Киелце, Мануел Штрлек, левиот бек на Веспрем, Момир Илиќ, неговиот тимски колега Роланд Миклер, потоа десното крило на Пик Сегед, Рајко Продановиќ, како и Никола Карабатиќ од Барселона и Лука Степанчиќ од Загреб.
Арпад Штербик повторно беше одличен на голот кај вардарци и со вкупно 15-те интервенции шпанскиот репрезентативец се најде на Топ 5 листата на најдобри голмански одбрани во четвртфиналната рунда од ЛШ.
Одбраната на Штербик како и останатите одбрани може да ги погледнете ТУКА