Хрватската интернационалка Андреа Пенезиќ повторно заслужено се најде меѓу трите најголеми ѕвезди на колото во Лигата на шампионите. Пенезиќ имаше брилијантна партија и беше најзаслужна за ремито против Ѓер, кое го одведе тимот на ЖРК Вардар на фајналфор турнирот во Будимпешта. Натпреварот го заврши со 8 погодоци, доволни за да се најде по 4-ти пат во „трите ѕвезди“ на колото во ЛШ.
Покрај Пенезиќ, во „трите ѕвезди“ на колото во ЛШ избрани се и Олга Акопјан од Динамо, како и Сана Солберг од Ларвик.
Најдобрите потези на Пенезиќ од натпреварот против Ѓер можете да ги видите ТУКА.