3. На кој начин се подготвуваш за мечевите? Дали имаш некој ритуал?
Јас верувам дека секој играч на свој начин си се подготвува за натпреварите. Конкретно јас пред секој натпревар максимално се концентрирам, ја слушам мојата омилена музика и на тој начин се смирувам и се релаксирам.
4. Како успеваш како млад човек да избалансираш живот на еден професионален спортист и се она останато „нормално“ излегување, дружби за еден 22-годишник?
За се’ се наоѓа време. Добро, има период во кој немаме време за многу излегувања кога се спремаме за важни натпревари, секој ден имаме тренинзи и за време на нив сме многу концентрирани, напорно тренираме и што е нормално многу сме уморни, па токму затоа попрво би го одбрал креветот! :-)
5. Што те мотивира да одиш напред, да напредуваш и да прераснеш во врвен играч – професионалец?
Вредно тренирам, се трудам и максимално сум посветен на постојано подигнување на мојата форма. Најголема мотивација наоѓам следејќи ги натпреварите на мојот омилен клуб Кил од Германија и имам желба еден ден да заиграм во нивните редови.
6. Како и секогаш доаѓа време за смена на генерациите, конкретно говорам за македонската сениорска репрезентација. Како гледаш на потенцијалот кај вас, младите ракометари?
Сметам дека имаме огромен потенцијал. Екипите во македонската супер лига се составени од млади ракометари, во просек од 22-23 години и тоа е многу добро за иднината на ракометот во нашата држава.
7. Твојата позиција е десно крило. Дали некогаш си посакал да заиграш на друга позиција?
Да, јас сум левак и сум десно крило, но секогаш сум имал желба да бидам голман. Доколку не би бил крило, би бил голман.
8. На клубски план оваа сезона прејде од РК Металург Јуниор во РК Тинекс Пролет. Каква е атмосферата во тимот, со кого се разбираш најмногу на теренот и вон теренот?
Сите се пријателски расположени, во тимот преовладува одлична атмосфера. Има ракометари во тимот со кои сум бил во ист клуб, Мајнов, Андоновски, Коруновски, Стојановски … Се знаеме многу одамна, се дружиме и се разбираме меѓусебно.
9. Имавте шанса да се сретнете на теренот со унгарскиот гигант Веспрем, кој е сега дел од 4-те најдобри екипи во Лигата на шампионите. Какво е чувството да играш против големиот Веспрем?
Феноменално чувство. Големо изненадување беше за мене кога ни соопштија дека ќе се сретнеме со Веспрем. Јас на почетокот не верував дека би се сретнале со екипа како Веспрем, но ете се случи не еднаш, туку два пати. Можам да кажам дека овие две средби со екипата на Веспрем се од големо значење за нас младите ракометари, бидејќи на тој начин се зголемува нашето искуство.
10. Кое е твоето мото?
„Посакувајќи да бидеш некој друг, е губиток на личноста која си сега“
Илија, ти благодариме за одвоеното време и ти посакуваме многу успех и остварување на сите желби.
Ви благодарам и на вас! :-)
|