Нашиот пикер Ања Алтхаус е подготвена за дуелот со Драгана Цвијиќ, дуел кој очекуваме конечно нашата ракометарка да издвојува победа. Откако дојде на клупата помошниот тренер Јан Питлик ја видовме вистинската Алтхаус која долго време ја очекувавме да блесне, игри кои ветуваат многу пред денешниот дуел.
„Будуќност игра цврсто во одбраната и очекувам дека повторно ќе биде тешко, но јас сум подготвена за тоа. Сакам да се борам, се разбира дека против Драгана Цвијиќ ќе биде многу тешко, но и таа е човек. Детали ќе го решаваат натпреварот. Мора да играме добра, да бидеме цврсти во одбраната. Ако ја повториме играта од мечевите со Ѓер тогаш можеме да ги сопреме сите наши противници. Очекувам жестока борба, знам дека по натпреварот ќе ме боли целото тело, но верувам дека ќе имам сила високо да ги кренам рацете и да кажам дека успеавме да победиме” – изјави Ања Алтхаус.