Сепак Будуќност останува “ноќна мора“ за нашите ракометарки, кои денес не успеа да се одмаздат и да ја издвојуваат првата победа против црногорките. Натпревар во кој може слободно да се каже дека е еден од најлошите натпревари кои го изиграле вардарки оваа сезона, особено знајќи ја големината и важноста на натпреварот.

Никој сеуште не може да се освести што беше причината за таквата лоша игра, несигурноста и многуте технички грешки во нападот, без никаква желба за надигрување и слабата одбрана во целиот натпревар. На толку спремање и подготовки пред турнирот во Будимпешта, вакви работи не се прифатливи. Работи кои со право може да кажеме дека нашите девојки не заслужија финале на Ф4 во Лигата на шампиони, дека Европското финале и шампионската титула и годинава останува само неостварен сон, како за девојките така и за нас фановите на македонскиот ракомет.

Веќе утре вардарки во „малото финале“ ќе се сретнат со екипата на Динамо Синара, екипа која добро ни е позната, екипа против која се намачивме на домашен терен да победиме, а во Русија бевме убедливо совладани. Девојките мора да се консолидираат и веќе утре да покажат дека денешниот натпревар беше само уште еден лош ден, да го покажат својот квалитет и да ја освојат бронзата.

Па после Ф4 турнирот да се вратат во Скопје и седнат внимателно да се разгледаат што беа причините за ваквиот дебакл, и дотолку е потребно да се почне со правење промени во екипата, бидејќи нешто не штима во моменталниот состав на ЖРК Вардар.

Конечен резултат:

  • ЖРК Вардар 17:27 (9:14) Будуќност

ЖРК Вардар: Лејно, Суслина, Радичевиќ 2, Гакидова, Николиќ, Лазовиќ Варлец 1, Дембеле 1, Фернандез, Сокач 3, Алтхаус, Кликовац, Пенезиќ 4, Черноиваненко, Охнева 2, Хмирова, Лекиќ 4.

Будуќност: Волтеринг, Рајчиќ, Ждериќ, Петровиќ 7, Неагу 7, Николиќ, Далби, Булатовиќ 1, Расмусен, Цвијиќ 3, Мехмедовиќ 3, Деспотовиќ 1, Павичевиќ, Биздра 1, Кнежевиќ 4, Лазовиќ.

ФОТО: www.ekipa.mk