Вчера во спортската сала во Автокоманда се одржа завршницата на машкото младинско првенство на Македонија. На завршниот турнир се најдоа четирите прво пласирани екипи РК Вардар, РК Прилеп, РК Металург и РК Тинекс Пролет. Во првиот полуфинален натпревар се сретнаа екипите на РК Металург и РК Прилеп, а додека во вториот РК Вардар и РК Тинекс Пролет.

Во првиот натпревар екипата на РК Прилеп беше подобра од домаќинот Металург, совладувајќи го со 26:24 (11:10). Со оваа победа над Металург, екипата на РК Прилеп си обезбеди место во финалето на завршницата. Во вториот полуфинален натпревар помеѓу екипите на РК Вардар РК Тинекс Пролет, екипата на Вардар беше подобра од противничката екипа и со тоа и се приклучи на екипата на РК Прилеп во финалето.

Во натпреварот за третото место во кој се сретнаа РК Металург и РК Тинекс Пролет, екипата на Металург беше подобра 28:26 и заслужено го освои третото место.

Во финалниот натпревар во кој се сретнаа екипите на РК Прилеп и РК Вардар, подобра беше екипата на РК Вардар 28:18 (16:12). РК Вардар имаше константно водство во текот на целиот натпревар, но екипата на РК Прилеп никако не се предаваше, бидејќи неколку пати од -4 се враќаше во натпреварот. Сепак во завршните минути од овој финален натпревар ракометарите на Вардар успеаа да ја задржат разликата, а како се ближеше крајот на натпреварот тие го зголемуваа водството за на крајот тоа да достигне и до 10 голови разлика.

Најпрецизни во финалето беа Стефан Трпчевски од Вардар со 10 голови и Петрески од Прилеп со 5 голови.

Конечен пласман:

  1. РК ВАРДАР
  2. РК ПРИЛЕП
  3. РК МЕТАЛУРГ
  4. РК ТИНЕКС ПРОЛЕТ

По завршување на финалето, беа поделени медалите и прогласени најдобрите.
Во најдобрите 7 се најдоа:

mladinci_best_team
Голман: Кристијан Кристо – РК Тинекс Пролет
Лево крило: Кристијан Спасевски – РК Прилеп
Лев бек: Ончев Тоше – РК Вардар
Среден бек: Димитриовски Димитар – РК Металург
Десен бек: Стефан Трпчевски – РК Вардар
Десно крило: Петревски Никола – РК Прилеп
Пикер: Огненовски Марко – РК Пролет
МВП: Петревски Никола – РК Прилеп

Најдобар голман: Кристијан Кристо – РК Пролет
Најдобар стрелец: Мице Шолегов – РК Металург (107)