Денес во рамките на плеј-оф фазата на машката Супер лига започнува 7-то коло во кое ќе се сретнат екипите на РК Вардар и РК Зомимак-М и РК Металург и РК Прилеп. Екипите на Вардар и Металург овој пат се во улога на домаќини.

Првиот натпревар денес  е помеѓу  првопласираниот РК Вардар и РК Зомимак-М  кој ќе се одигра во спортската сала ,,Јане Сандански“ со почеток во 14 часот.

Во вториот натпревар екипата на Металург на домашен терен ја пречекува екипата на Прилеп. Почетокот на овој натпревар е закажан за 18:30 часот и ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда. Влезот е слободен за сите заинтересирани.

Преносот од овие два натпревари можете да го следите на официјалната страна на ракометната федерација на Македонија, во делот на live streaming.

Табела

Место Екипа П Н П Поени
1 Вардар 6 0 0 18
2 Металург 5 0 1 15
3 Зомимак-М 4 0 2 12
4 Тинекс Пролет 2 0 4 6
5 РК Радовиш 1 0 5 3
6 Прилеп 2010 0 0 6 0