На ден пред стартот на Ф4 турнирот во Келн, ЕХФ го соопшти идеалниот тим во Лигата на Шампионите оваа сезона. Тим во кој се најде нашиот капитен Кире Лазаров, како најдобар десен бек.
Оваа година изборот им припадна на љубителите на ракометот, кои имаа можност онлајн да го дадат својот глас. Над 44 000 ракометни фанови гласале за својот најдобар ракометар одделно за секоја позиција, како и за најдобар тренер, млад играч и дефанзивец.
Видео од ракометарите од идеалниот тим може да го погледнете ТУКА.
Идеалниот тим:
- Голман: Роланд Миклер (Веспрем)
- Лево крило: Уве Геншхајмер (Рајн Некар)
- Лев бек: Никола Карабатиќ (Барселона)
- Среден бек: Микел Хансен (ПСЖ)
- Десен бек: КИРЕ ЛАЗАРОВ (БАРСЕЛОНА)
- Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
- Пикер: Ренато Сулиќ (Веспрем)
Во останатите категории:
- Најдобар дефанзивец: Рене Тофт Хансен (Кил)
- Најдобар млад играч: АЛЕКС ДУШЕБАЕВ (ВАРДАР)
- Најдобар тренер: Талант Душебаев (Киелце)