Деновиве се ширеа шпекулации дека македонската репрезентација има проблеми околу составувањето на екипата, за престојните квалификации на гости со Швајцарија и дома со репрезетнацијата на Чешка.
Од РФМ потврдија дека Македонија ќе настапи со полн состав во Швајцарија, рано изутринава Ренато Вугринец и Наумче Мојсовски кои беа под знак прашалник поради обврските во Катар, веќе заминале накај Швајцарија. Истотака и нашиот капитен денес ќе им се приклучи на своите колеги, каде веќе утре од 20:00 часот ќе го одиграат натпреварот против Швајцарија. Ситната повреда не го спречи капитенот да биде во составот, но колку тоа ќе игра зависи од текот на натпреварот, дотолку работите тргнат во несакан правец.
Со оглед на младата неискусна репрезентација на Швајцарија, ние влегуваме како фаворите во натпреварот. Тоа не мора ништо да значи, но се очекува од нашите репрезентативци да покажат една добра и квалитетна игра, како загревање пред клучниот натпревар со Чешка на домашен терен, четири дена подоцна.
Составот за утрешниот натпревар:
Голмани: Бoркo Ристoвски и Петар Ангелoв.
Бекови: Наумче Мoјсoвски, Филип Лазарoв, Аце Јoнoски, Велкo Маркoски, Филип Миркулoвски, Немања Прибак, Кире Лазаров, Влатко Митков, Ренато Вугринец и Лазо Мајнов.
Пикери: Стoјанче Стoилoв, Пешевски Жаркo и Никoла Маркoски.
Крила: Дејан Манаскoв, Гoце Ојлески, Гoце Геoргиевски и Кoстески Никoла.