Управниот одбор на РФМ едногласно го усвои предлогот на тричлената комисија за избор на селектор на женската сениорска репрезентација и на позицијата го назначи Симе Симовски, како насленик на Ристо Магдинчев, односно Благојче Весиќ кој во меѓувреме ја извршуваше функцијата како ВД селектор.
Селектор кој ќе ги води девојките во наредните две години (два квалификациски циклуси), почнувајќи веќе од следниот месец, кога ќе го има своето деби во квалификациите за ЕП, каде Македонија е во група со Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Симовски во изминатата година беше селектор на јуниорската женска селекција, предводејќи ја до успешно минување на квалификациите за пласман на ЕП, а потоа и на континенталниот собир што летово се одржа во Шпанија.
Во својата богата кариера, Симовски како асистент на селекторот беше дел од сениорската женска репрезентација на СП во 2001 година и на ЕП во 2012 година, а како селектор ги предводеше и младинските селекции во периодот од 1998 до 2000 година. На клупски план, моменталниот тренер на ЖРК Вардар во кариерата беше дел и од Металург, Скопје и Пролет, каде покрај бројните успеси на домашната сцена, оствари и поголем број настапи во Европските Купови.
МакРакомет му посакува многу среќа и се надева дека заедно со квалитетот на нашите девојки, дека ќе го врати женскиот ракомет на она место каде што и припаѓа, на ЕП и СП!