Резултатите од анкетата која во изминативе 7 дена беше поставена на веб страната на МакРакомет, покажуваат дека ракометните фанови го препознаваат квалитетот со кој поседува Вардар годинава и, соодветно на тоа, имаат големи очекувања од настапите на македонскиот првак во групната фаза.
Така, дури 50% од анкетираните сметаат дека Вардар ќе заврши на високото второ место во исклучително силната група, во друштво на Барцелона, Киелце, Рајн-Некар, Пик Сегед, Монпеље, Кристијанштад и Колдинг. 27% пак целосно веруваат во Вардар, и сметаат дека на крајот од групната фаза, екипата ќе заврши на првото место, и со тоа ќе обезбеди директен пласман во четврт-финалето.
Согласно на најавите на раководството на клубот околу амбициите на клубет, а имајќи ги во предвид и засилувањата во клубот летово, навивачите на Вардар, но и сите ракометни љубители веруваат дека Вардар може годинава да постигне историски резултат. Потврда за високите амбиции на Вадрар, но и можност да видиме дали навистина Вардар ќе одговори на притисокот на јавноста, ќе имаме уште денес, недела, во дуелот со Монпеље.