Нашиот најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров има шанса по третпат да влезе во историјата. Лазаров го делат само 5 погодоци до постигнување на 1.000 погодоци во Лигата на шампионите, што ќе го промовира во најдобар стрелец на сите времиња во најсилното европско клупско натпреварување.

Веруваме дека уште на денешниот натпревар од ЛШ против Пик Сегед, овие 5 погодоци ќе бидат исполнети и нашиот капитен ќе влезе по трет пат во историјата.

Тимот на МакРакомет ти симиња капа легендо, честитки!

  • 92 погодоци на СП 2009 (најдобро остварување во историјата на мундијалите)

  • 61 погодок на ЕП 2012 (најдобро остварување во историјата на континенталните собири)

  • 1000 погодоци во ЛШ (најдобар стрелец на сите времиња)

Топ 5 стрелци во ЛШ:

1. Кире Лазаров (Барселона) 995
2. Сергеј Рутенка (Барселона) 838
3. Момир Илиќ (Веспрем) 739
4. Филип Јиха (Барселона) 695
5. Ласло Наѓ (Веспрем) 598