Ракометарите на Вардар не застануваа, после победата над Кристијанштад веќе денес му гостуваат на Спартак Војпут од Суботица, во рамките на СЕХА лигата. Натпревар во кој нашиот шампион влегува како фаворит, по што се очекува ракометарите на Вардар да нанижат уште една победа во низа.

Екипата на Спартак Војпут е дебитант во СЕХА лигата, составена од претежно млади квалитетни ракометари кои ќе пробаат да се спротистават на нашиот моќен Вардар.

Тренерот на Спартак Војпут, Бранислав Жељковиќ очекува добро издание на својата екипа на овој натпревар

„За противник имаме екипа која е за почит. Ако го погледнеме составот на Вардар, ќе видиме дека тоа се се сегашни и бивши репрезентативци, што зборува за квалитетот на екипата. Во претходните две недели напорно работевме. Екипата е физички и тактички добро спремна, а прашањето е колку психолошки ќе издржи против таков квалитетен противник. Вардар е за почит, али не и за страв. Основно е да играчите сфатат дека тоа е екипа со која имаме обврска да одиграме добар натревар, и поради нас замите, али и поради публиката која нас не подржува. Очекувам да го дадеме максимумот, се припремаме како да го надмурдиме Штербик во шутот, како да ги спречиме контранападите на Вардар, како и да се одбраниме од брзата игра која Вардар ја негува. Се надевам дека во сето тоа ќе успееме. Не би рекол дека очекуваме победа, али од мојата екипа очекувам одигра максимум“ – изјави Жељковиќ на прес конференцијата во Суботица.

Натпреварот започнува од 19:00 часот, со директен пренос на Собраниски канал.