Денес, во рамките на петотто суперлигашко коло во Скопје ќе се сретнат екипите на Вардар Јуниор и Прилеп. Домаќин на овој натпревар е екипата на РК Вардар Јуниор. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 15 часот, а ќе се одигра во СЦ Јане Сандански (мала сала). Во овој натпревар, ракометарите на Пепи Манасков ќе се обидат да дојдат до својата трета победа во низа, откако многу лошо ја започнаа новата сезона со 2 порази. А пак екипата на РК Прилеп од натпревар во натпревар игра се подобро и подобро, па токму овој меч го сметаат како шанса за задржување на врвот на табелата.
Во пресрет на овој натпревар, поразговаравме со десното крило на РК Вардар Јуниор, Мартин Поповски кој ни ги изнесе своите очекувања:
„Оваа сезона која за нас е дебитантска, ја започнавме многу лошо со 2 порази. Но во последните 2 натпревари успеавме да ја усогласиме нашата игра и да го вратиме победничкиот дух во екипата. За екипата на Прилеп, можам да кажам дека е квалитетен противник, а за тоа сведочат нивните резултати по првите 4 кола. Наша единствена цел на овој натпревар е победа и приклучок кон горниот дел на табелата“ – изјави Поповски.
Директен пренос на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.