Капитен на нашата македонска репрезентација Кирил Лазаров, со својот клуб Барселона денес стигна до втората победа во групната фаза од лигата на шампиони. На домашен терен ја совладаа полската екипа Висла Плок, со 30:25.

Лазаров беше предводник на шпанскиот гигант, со својата одлична игра и со своите 9 постигнати погодоци. Без казнетиот Серхеј Рутекна, нашиот Кире и францускиот репрезентативец Карабатиќ, кој постигна 7 погодици, рутински ја завршија задачата, победа над Висла Плок и плус 2 бода на нивното конто.

Во почетниот период од мечот полскиот тим ја изненади Барселона со агресивна игра и поведе со 2-5, меѓутоа каталонскиот состав брзо се совзеде, а се во свои раце презеде Кире Лазаров, кој со три гола во серија ја врати предноста на Барса. На полувреме Барселона имаше еден гол позитива (13-12), но во вториот дел заигра поцврста одбрана и со расположениот Лазаров во нападот стигна до очекуваната победа.