македонија репрезентација ракомет

Македонската машка ракометна репрезентација ќе настапи на пријателски турнир во Хрватска за време на ЕХФ неделата од 6-ти до 8-ми ноември, на којшто ќе настапат и Црна Гора и домаќинот Хрватска.

Шанса за Обрван да ги испита силите на македонската репрезентација, како и новите кандидати кои се борат за влез во истата.

По овие натпревари, следниот собир ќе биде дури во декември, кога ќе се означи официјален почеток на подготовките за ЕП, кое почнува на 15 јануари.