Ракометарите на РК Струмица во четврток му гостуваат на Спартак Војпут, во рамките од СЕХА лигата. Натпревар во кој двете екипи не пројдоа понатака во 3-то коло од ЕХФ-купот, со што ќе бараат утеха во ова натпреварување и воедно и позитивен резултат.

РК Струмица загуби во двата натпревари од екипата на Хаукар од Исланд, кои ги одигра на гостински терен, Првиот убедливо со 34:20, а вториот со пристојни пет гола разлика 29:24.

За нијанса подобро пројде Спартак Војпут, кој најпрво беше совладан на гостински терен од белгиската екипа Хубо Хаселт со 27:20, па за на домашен терен да не успее да ја надокнади оваа голема разлика и победи со 23:21. Иако на 5 минути до крајот имаше предност од 23:17, но не успеа во финишот да постигнат гол, со што и за нив заврши натпреварувањето во ЕХФ-купот.

Со што во четврток се очекува еден тежок и неизвесен натпревар, во кој поборбениот и помотивираниот тим ќе ги освои трите бода.

РК Струмица сеуште нема забележано победа, дали тоа ќе биде првата овој четврток или не .. останува да видиме!

Натпреварот ќе се одигра во четврток од 19:00 часот.