Тренерот на Киелце, Талант Душебаев разочаран си заминува од Скопје, после убедливиот пораз од 10 гола разлика. Душебаев од дамна не загубил натпревар, особено волку убедлив, па нормално беше неговото разочарување на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје.
„Секако дека сум крајно незадоволен, да се загуби така убедливо. Во ред е да се загуби, но така убедливо, тоа не е добро за нас. Арпад Штербик беше одличен, му создаде огромни проблеми на нашиот напад. Направив голема грешка со тактичките подготовки за мечот, Вардар не изненади, одигра многу подобро од нас и заслужено победи. Честитки за противникот, ние секако ќе се обидеме да извлечеме што повеќе поуки од овој меч, почнувајќи од утре“ – изјави Талант Душебаев.