Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.
1. Никола Маркоски (РК Работнички)
Македонскиот репрезентативец после неколку кола и неговите игри кои беа во сенка, конечно го видовме во едно одлично светло против екипата на РК Тинекс Пролет, каде постигна 7 погодоци. Никола заедно со неговиор брат Велко Маркоски беа најзаслужни за победата на својата екипа.
2. Печенкоски Горан (РК Охрид)
Ракометарот на РК Охрид, Горан Печенковски одигра одличен натпревар во дербито против РК Прилеп. Натпреваро во кој постигна 8 погодоци и заедно со Дарко Павловиќ беа најзаслужните за оваа голема победа над прилепчани.
3. Сергеј Горбок (РК Вардар)
Кога сите кренаа раци од него, тој проработе! Ракометарот на Вардар, Сергеј Горбок одигра феноменална партија против големиот Киелце, каде постигна 8 погодоци и воедно беше еден од клучните ракометари во нападот кога се кршеше резултатот. Со што заслужено се најде во нашиот избор за играч на неделата.
4. Илиев Ивица (РК Радовиш)
Ракометарот на РК Радовиш, Илиев Ивица одигра одлична партија во еден од најинтересните натпревари ова коло. Во дерби натпреварот против РК Пелистер, во крајно неизвесен натпревар ракометарите на РК Радовиш издвојуваа победа. Илиев натпреварот го заврши со 9 погодоци, со што несомнено повторно се најде во нашиот избор за играч на неделата.
5. Арпад Штербик (РК Вардар)
Феноменалниот Арпад Штербик повторно заблеска на голот, против големиот Киелце. Штербик се разбрани кога ракометарите на Киелце пробуваа во второто полувреме да се вратат резултатски, но голманот на Вардар многу рано ги откажа од таквата намера. Штербик блескаше на голот со 15 одбрани.
Играч на неделата (19.10.2015 - 25.10.2015)
Вкупно гласале: 720 ![]() |