Во натпреварот од осмото коло, во кој се сретнаа екипите на ГРК Борец и РК Радовиш, екипата на Радовиш беше поуспешна и на крајот заслужено славеше победа на гостински терен. Во воведните минути од овој натпревар се играше гол за гол, се до моментот кога гостинската екипа не поведе со 2 гола разлика за прв пат, 6:8, а потоа и 7:10, 8:12. Покрај ваквиот резултат, домаќините со одлична игра успеаа да се приближат на 2 негатива 11:13. Но, сето тоа не беше доволно, па гостинот повторно со серија од неколку голови успеа ,,резултатски да избега“, па на полувремето заминаа при резултат 14:18.
Во текот на второто полувреме, екипата на Радовиш беше во константно водство. Највисокото водство во текот на второто полувреме изнесуваше +8, но крајниот резултат на оваа средба беше 25:32.
Најпрецизни на оваа средба беа Стојановски и Петровски од ГРК Борец кои постигнаа по 5 погодоци, а од екипата на Радовиш Илиев кој постигна 12 погодоци.