Одбираме повторно „Играч на неделата“ како и секоја недела од македонските екипи кои настапуваат во ВИП Супер лигата, Лигата на шампиони и СЕХА лигата. Оваа недела нови 5 играчи, од кои со принцип на гласање заедно ќе го одбереме најдобриот играч за таа недела.

1. Благојче Трајковски (РК Струмица)

Единствената светла точка во екипата на РК Струмица на последните натпревари е само голманот Благојче Трајковски. Кој на натпреварот против Нексе, одигра феноменална партија, која сепак не беше доволна за позитивен резултат на тој натпревар. Со 18 одбранети од 41 удар на голот (44%), ја повтори уште еднаш неговата одлична форма, кој можеби треба да се запраша и Обрван околу составот во репрезентацијата.

2. Бобан Андоновски (РК Вардар Јуниор)

Во најголемото изненадување на колото, каде ракометарите на Вардар Јуниор ја совладаа екипата на РК Работнички во еден тесен и неизвесен натпревар до самиот крај, ракометарот на Вардар Јуниор, Бобан Андоновски беше еден од најзаслужните ракометари за оваа победа, со вкупно 7 погодоци.

3. Младен Чачиќ (РК Пелистер)

Искусниот 39 годишен ракометар на РК Пелистер, Младен Чачиќ покажа дека годините не играат голема улога во ракометот. На последниот натпревар против Металург 2, Чачиќ ги торпедираше „плаво-белите“ со 11 погодоци, со што заслужено се најде на нашата листа за играч на натпреварот.

4. Илиев Ивица (РК Радовиш)

Ракометарот на РК Радовиш, Илиев Ивица покажа и оваа недела дека е во одлична форма, дека е клучен играч на радовишани. Веќе трета недела заслужено е кандидат за играч на неделата, овојпат со одличната партија против ГРК Борец, каде радовишани издвојуваа голема победа, во која Илиев постигна дури 12 погодоци.

5. Михајло Марсениќ (РК Вардар)

Пикерот на Вардар, Михајло Марсениќ на натпреварот против Борац во рамките од СЕХА лигата, одигра одлична партија, во која имаше 100% ефект, од 7 удари, постигна 7 погодоци. Со што покажа дека Раул може повеќе шанса да му дава во нападот во Лигата на шампионите.

Играч на неделата (26.10.2015 - 01.11.2015)

  • Благојче Трајковски (РК Струмица) (40%, 113 гласови)
  • Илиев Ивица (РК Радовиш) (31%, 87 гласови)
  • Младен Чачиќ (РК Пелистер) (10%, 28 гласови)
  • Бобан Андоновски (РК Вардар Јуниор) (9%, 26 гласови)
  • Михајло Марсениќ (РК Вардар) (9%, 26 гласови)

Вкупно гласале: 280

Loading ... Loading ...
*Анкетата е отворена до 06.11.2015 година