Голманот на РК Струмица, Благојче Трајковски е играч на неделата (26.10.2015 – 01.11.2015). Единствената светла точка во екипата на РК Струмица на последните натпревари. Трајковски на натпреварот против Нексе, одигра феноменална партија, која сепак не беше доволна за позитивен резултат на тој натпревар. Со 18 одбранети од 41 удар на голот (44%), ја повтори уште еднаш неговата одлична форма, околу која можеби треба да се запраша и Обрван околу составот во репрезентацијата за престојното ЕП во Полска
Резултатите од гласањето може да ги погледнете ТУКА.
*Поради репрезентативните обврски оваа недела нема да се одбира играч на неделата. Следно ќе биде за неделата од 9-ти до 16-ти Ноември.