Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19:00 часот против репрезентацијата на Црна Гора, ќе го игра вториот натпревар во рамките од „Кроација купот“ што се одржува во Умаг. После вчерашниот пораз од домаќинот Хрватска, денес имаат шанса на поправен против црногорците, кои може да се каже дека се подостоен противник за нашата репрезентација со оглед на комбинацијата на играчи.
Репрезентација која истотака внесува млади ракометари во својот состав, ракометарите Вуко Борозан и Владан Липовина нас ни се добро познати, се предвидува да бидат носители на играта на Црна Гора следните години.
Како што и Обрван најави, се очекува на овој натпревар да добијат поголема минутажа младите играчи, се со цел да го покажат својот квалитет и да се изборат за место во репрезентацијата за престојното ЕП во Полска.