Вечерва продолжуваат натпреварите од деветтото коло од ВИП Супер лигата.Денес на програмата се два натпревари.Најнапред во 18 часот во Автокоманда ќе се сретнат екипите на РК Металург и РК Тинекс Пролет.По несреќниот пораз на Металург во Лигата на шампионите,на овој натпревар против Тинекс Пролет ќе се обиде со победа да си ја врати самодовербата и да прокнижи нови 3 бода.Екипата на Тинекс Пролет пак ќе се обиде да го искористи падот на играта на Металург.Со евентуална победа на Тинекс Пролет, оваа екипа ке се искачи на петтото место на табелата.Натпреварот започнува во 18 часот, а ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда.Влезот за сите љубители на ракометот е слободен.
Во вториот натпревар за денес,ќе се сретнат екипите на РК Радовиш и РК Прилеп.Домаќин на овој натпревар е екипата на Радовиш.Натпреварот е закажан со почеток во 18:30 часот,а ќе се одигра во СРЦ “25 Мај“.Овој натпревар е од големо значење за двете екипи и за голем поздрав бидејќи средствата собрани на овој натпревар ќе бидат донирани во хуманитарни цели.Цената на билетот за овој натпревар ќе биде 50 денари.Овој натпревар е од големо значење и за двете екипи бидејќи во моментов двете екипи имаат по 12 бода и се на делба на петтото место.
Директни преноси од овие натпревари може да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.