По вчерашниот дебаклт од данскиот Холстебро во рамките од Купот на куповите, денес ракометарките на ЖРК Металург повторно загубија со 20:32 и во реванш натпреварот. Со што после двата порази, за девојките заврши интернационалното натпреварување оваа сезона.
На денешниот натпревар ракометарките се држеа во првото полувреме, кое заврши 12:14. Но, мора да се напомене дека денес Холстебро играше со вториот тим, по што повторно во второто полувреме нашите ракометарки направија многу технички грешки, по што искусните данкини знаеа тоа добро да го искористат, за повторно ја совладаат нашата екипа, овојпат со 12 гола разлика.
Повторно како и на вчерашниот натпревар, најефикасни беа Белеска со 6 погодоци и Ливриниќ со 4 погодоци. Додека кај данската екипа, најефикасни беа Педерсен со 9 погодоци и Хансен со 8 погодоци.